ВИДЕО – Во СОУ „Ѓорче Петров“ доделување сертификати за завршени мобилности од КА1 програмата на Еразмус +

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп денеска се доделуваа сертификатите за успешно завршени мобилности од КА 1 програмата на Еразмус +. На настанот присуствуваше и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓорѓиевски, како и учениците и наставниците кои беа вклучени во мобилностите од проектот од програмата Еразмус+ „Надоградување на професионалните вештини“.

Цел на настанот е заокружување на активностите од овој проект со доделување на сертификатите за успешно завршените практични обуки на учениците од здравствената, текстилно-кожарскaта струка и струката лични услуги, квалификација фризери. Овој проект е еден од многуте кои нашето училиште неколку години наназад успешно ги реализира со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Успешноста ја вреднуваме според задоволството на генерациите ученици, учесници во различен вид на активности:практични, за меѓуучилишна соработка со кои се стекнаа со знаења, вештини, социјални, културолошки, мултикултурни компетенции кои им помагаат во учењето, а и во работата. Резултат на квалитетното реализирање на проектите е доделувањето на Erasmus VET mobility Charter, а минатата година и Акредитација од Националната агенција 2021-2027 година за европски образовни програми и мобилност што ни создава нови предизвици, за нови идеи и проекти. Нашите координатори поддржани од раководството на училиштето, амбициозните наставници и вредните ученици продолжуваат да го градат европскиот углед на СОУ „Ѓорче Петров“, потпирајќи се на Нашата Национална агенција која нуди многу програми со кои младите, а и сите генерации ќе се доближуваат до Европските земји преку образованието, науката, спортот, меѓународната соработка“, велат од СОУ „Ѓорќе Петров“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци