ВИДЕО – Вработените од градинките „Наша Иднина“ донираа за прилепската болница

Вработените од градинките „Наша Иднина“ донираа за прилепската болница 2 прочистувачи на воздух, маски, нараквици и хигиенски средства во вредност од околу 12.000 денари.

 

 

„Вака изгледа малку, но тоа е дадено од срце, за да може вработените во болницата полесно да ги извршуваат работите, а тие кои се лекуваат да излезат побрзо здрави и живи. Ние имавме колешка, Бисера, која ја загуби битката за 7 дена со корона вирусот и воедно сакаме во нејзина чест да донираме, таа вечно ќе остане во нашите срца и тоа никогаш да не се повтори“, рече Орце Тодороски, дииректор на градинките „Наша Иднина“ – Прилеп.

 

Инаку моментално во прилепските градинки имало 5 позитивни вработени, 6 биле во изолација, односно 2 воспитни групи или вкупо 50 деца во изолација.

 

„Важно е дека немаме дете кое е позитивно. Тие кои се разболуваат вработени, по 3 недели се враќаат на работа. Имаме околу 400 деца кои посетуваат градинка, а тоа е добро, според протоколот можеме 600“, додава Тодороски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира