ВИДЕО – Гулабоски: Водоводот на Трескавец е саниран и вратен во состојба пред кражбата, сега внатрешно манастирот треба да направи мрежа

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


Водоводот на Трескавец повторно од пред 2 недели со помош на средства од Општината, Водовод и една општествено одговорна компанија која сака да остане анонимна се врати во првобитната состојба пред кражбата, истакна на денешната прес конференција директорот на ЈП „Водовод и Канализација“, Игор Гулабоски.

„Резервоарите повторно се полни, останува сега на манастирот внатрешниот дел кој што не му е среден со проект да си го досредат. Од наша страна е целосно завршен проектот, се што беше оштетено е вратено во првобитна состојба. Проектот кој го наследивме пред 3,5 години е комплетно завршен. Од овој дел сега натаму немаме ние ништо со тоа, сега тоа е на манастирот и лично манастирот треба да си направи проект за внатрешна инсталација, дел има направено, а дел од мрежата била оштетена со некои ископи“, додаде Гулабоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци