ВИДЕО – Да го земеме примерот од децата за мир, љубов, толеранција и другарство за да изградиме човечно општество


По 18-ти пат традиционалeн пат во организација на „Детската Амбасада за Сите Деца во Светот“ во Прилеп се одржа Божикниот ручек за 400 деца од цела Македонија и на таа заедничка трпеза седеа деца од различни целни групи. Како и секоја година пораката која се испраќа од овој ручек е „Едно небо за сите деца“, односно децата да се почитуваат поѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество бидејќи децата се нашата иднина.

„Среќни сме што и денес ќе го славиме Христовото раѓање и на заедничка трпеза ќе седнат дечиња од различни целни групи и под нашето мото Едно небо за сите деца“. Целта е нашитре деца да бидат еднакви, да имаат толеранција едни меѓу други и да се сакаат. Да го негуваме ова наше општество да остане човечно“, истакна Александра Северкоска Стојаноски, извршна директорка на „Детската Амбасада За Сите Деца Во Светот“.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се:  еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата. Дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божикна трпеза заедно освен децата од православна вероисповед се дружат и деца од другите верски заедници како исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката.

„Од децата пример да земиме како треба да живееме во слога, мир, љубов, безлобивост, чесност, достоинство и ако од нив не земиме пример како треба да се дружиме, сопостоиме и толерираме, тогаш нема да го наследиме царството небесно“, изјави Владика Г. Петар, Митрополитот Преспанско-Пелагониски.

 Присуствуваше и градоначалникто на Прилеп Борче Јовчески кој на сите деца им ги честиташе празниците и порача овие денови сите ние да ја покажеме хуманоста на дело.

 „Божик е опразник на љубовта и хуманоста. Воедно треба да помогне сите. Овие денови организираме и неколку хуманитарни акции се со цел да им се помогне на оние на кои помошта им е неопходна. Овој Божикен ручек секоја година да биде поброен и поброен, со повеќе дечиња за кои обезбедивме и колетчиња“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

На оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува и Најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ кој што оваа година го доби А.Д. „Прилепска пиварница“, а ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, добија и компанијата „Бимфуд“ од Прилеп и „Фан продукција Зоран“ исто од овој град.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира