„Crossroad blues band“ од Припеп е единствениот блуз состав во Македонија кој континуирано постои веќе 21 година. Мината година го издадоа нивниот најнов албум насловен како „Градско дете“.
Во моментов подготвувале нова песна која требало наскоро да биде промовирана.
Фронтменот на групата Александар Дворчанец – Сале вели дека како и секоја година така и оваа имале голема турнеја во поранешни ЈУ републики каде биле одлично прифатени.
Песните ги пишувал тој, а во најголемиот дел од нив биле опишани делови и моменти од неговиот живот.
Повеќе од овој интересен разговор со Александар Дворчанец – Сале погледнете во видеото.