ВИДЕО- До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

После децении на запоставеност на спортските објекти Прилеп конечно на повидок да добие спортски храм каков што заслужува. Владата одлучи да ја финансира целосната реконструкција на сала „Македонија“ која што изгоре во 1992 година, а повторно се изгради во 2000. Но од тогаш салата нема технички прием и повторно за 2 децении таа комплетно се уништи. Салата е планирано да се пушти во употреба во 2028-ма. А инвестицијата би чинела 180 милиони денари. Од локалната самоуправа убедуваат дека ова нема да биде уште една лага и празно ветување за оваа сала кои сите партии ги даваат досега веќе 20 години.

„Јас сум убеден дека ова не е како во минатото само давање на изјави дека овој спортски објект ќе почне да се реконструира. Ова е вистинскиот чекор кој што досега ниту една Влада ниту една локална самоуправа не успеале да го направат. Видовте и сами дека разложената Развојна програма на Владата е во 3 години и предвидени се 2 милиони денари за оваа година, а имаме уште 2 месеци до крај до крај на годината. Во текот на овие 2 месеци ќе се распише јавниот повик за изведувач на оваа сала. За мене поизвесна ситуација од оваа никогаш и немало. Сметам дека ова ќе биде самоодржлив спортски објект заради просторот кој што го има и заради она што се ќе може да се организира во овој спортски храм“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Од 2016 година Прилеп е практично без големи спортски сали затоа што тогаш се затвори и Универзална сала, која во моментов е под ингеренција на ЈП АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор.Тука наводно проблем била статиката на една трибините, за што треба да почне да се изготвува елаборат.

„Ќе се утврди дали е поребно статичко зајакнување на овој објект или ако не е потребно тогаш очекувам со многу брза динамика да се стави во функција, Јавното претпријатие има предвидено цена за закуп, но досега никој не се охрабри поради нарушената статика на гледалиштето“, додаде Проданоски.

Инаку засега целиот спорт во Прилеп се одвива по училишни спортси сали мкои не ги задоволуваат професионалните стандарди, што пак за град како Прилеп е вистински срам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци