Оние проценки кои досега ги правевме беа некои 7.6 милиони евра. Тоа е партиципацијата која граѓаните ја плаќаат за болничко лекување, односно останувањето во болница. Изјави премиерот Зоран Заев во врска со ставот на Владата за бесплатно болничко лекување кое се планира да се воведе од 1 јануари 2019 година.
„Тие 7.6 милиони евра ќе ги покрие буџетот на Република Македонија, со тоа што граѓаните повеќе нема да плаќаат за болничко лекување, односно ќе биде бесплатно. Знаете дека пролетва донесовме одлука за децата на луѓето приматели на социјална помош, за нив веќе важи бесплатното болничко лекување, а се надевам дека сите динамични трендови кои што ги очекуваме, а се потврдуваат досега, ќе ни дадат можност за точно од први јануари да важи бесплатното болничко лекување за сите граѓани“, изјави Заев.