Реков и вчера, еве денеска пак ќе повторам, Зибери е само уште еден шпицен кандидат. Истакна денеска Заев во Прилеп.
„Немаме ништо лично против човекот, но влегувањето во текот на кампањата, во ваквата уцена од страна на ДУИ, нема да му биде од корист ниту нему, ниту на ДУИ. На ДУИ му требаат 4 години поминување во опозиција за да се реформира, после 17 години здраво е за државата да оди во опозиција, а верувам ќе сватат и тие дека е здраво за ДУИ да помине во опозиција за да може да се реформира“, рече Заев прии денешната посета на Прилеп.
