ВИДЕО- Здружението „Автомото Класика“ од Прилеп по 11 ќе го организира Авто-слалом во Кичево

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

По 11 пат на 26 јули здружението на љубители на олдтајмери Автомото Класика од Прилеп, ќе го одржи својот традиционален Авто-слалом на автодромот во Кичево лоциран во касарната. Ова Здружение брои 25 членови од каде истакнуваат дека овој спорт во послените години е во подем.

Здружението е формирано во 2022, а досега има организира 10 вакви натпревари од кои повеќе во Прилеп на кои учествуваат учесници од повеќе вакви здруженија од цела Македонија.

Првиот настан е организиран 2023 година, на 30.07. во населба „Точила“, на улицата „Пере Тошев“ со голема помош од Општина Прилеп, Министерство за внатрешни работи. Оттогаш наваму имаме организирано 10 настани, од кои повеќето во Прилеп, традиционално за 11 Октомври и уште една трка правиме напролет во мај или јуни месец. Досега се организирани 10 настани, во подем е, на првиот настан имавме 18 учесници, додека на последниве настани имаме преку 40 учесници“, изјави Горанчо Јошески, член на здружението на љубители на олдтајмери Автомото Класика од Прилеп.

Авто-слалом не е класична трка туку еден начин на презизно возење каде за одредено време треба да се помине која е со разни препреки и која според прописите не треба да биде помала од 1 км.

Треба да се помине патеката која е со препреки, со чунови, со капии, без разлика дали ќе одат во осумки или со скршнување лево и десно, во зависност како ќе биде конструирана патеката од наша страна. Таа треба да биде минимум 1 километар долго, не смее да биде под 1 километар за нормални стандарди и критериуми. Кај нас авто слаломот се вика уште TSD (time, speed, distance), тоа е за одредено време да ја поминеш патеката со одредена брзина. Значи има поставено некое време што ние претходно сме го определиле према капиите на стазата која се вози, имаме измерено колку време треба да се помине и со колкава брзина треба да се помине таа стаза. Има 6 категории, од кои 3 се во стандардни или цивилни возила, што се улични, кои се возат секој ден и не се модификувани, а 3 се во модификувани, нешто како ова, значи спортски и тркачки. Категориите се до 1.200 кубици, до 1.600 и преку 1.600 кубици моторни возила, без разлика дали ќе бидат градски возила, или ќе бидат спортски модификувани и тркачки возила“, рече Божо Димески, претседател на здружението на љубители на олдтајмери Автомото Класика од Прилеп.

 

Стандардните, односно градските возила треба да бидат фабрички возила, не треба да бидат модификувани, не треба да биде моторот појачуван, треба да биде стандардна шасија, стандардни амортизери, стандардни кочници, стандардно управување, додека кај тркачките или спортски возила дозволено е измена на кочници, волан, амортизери, спортска суспензија, моторот можете да го модификувате колку што сакате“, додаде Гоце Димески, член на здружението на љубители на олдтајмери Автомото Класика од Прилеп.

Овие здруженија кои организираат вакви натпревари на ниво на држава се здружени во Национална федерација на историски возила. Нејзини основачи се 5 клубови.

Пред да најавам, во наредниот период ќе се одржи трка во Штип, во Скопје и по повод 11 Октомври во Прилеп, а во најава е уште една трка во Битола која што ќе ја утврдиме во наредниот период. Значи национално првенство во TSD авто слалом на олдтајмери возила, значи постари од 20 години треба да бидат возилата.

Значи сите возила кои учествуваат се постари од 20 години?

Да, постари се од 20 години, тоа е основен услов за учество на ова натпреварување.

Најчесто кои возила учествуваат, од каков тип, каква марка?

Па има фиат сејченто, југовци, застава 128, има голф, цитроен саксо, пежо, опел астра, опел кадет од нашиот член од Кичево, Христијан Бојоски кој доста ни има помогнато, ни имаат помогнато Општина Прилеп, Општина Кичево, касарната во Кичево, ТППЕ Кичево, Здравствен дом Болница, ЈКП за ПУП од Прилеп кој ги изработува проектите за овие настани и други општествено одговорни компании од областа на возилата“, истакна Јошески, член на здружението на љубители на олдтајмери Автомото Класика од Прилеп.

Од здружението на љубители на олдтајмери Автомото Класика од Прилеп сите заинтересирани вљубеници во автомобилите наредниот викенд на 26-ти да бидат во Кичево во касарната „Чеде Филиповски – Јане“ каде ќе се случува вистински спектакл кој ретко се гледа на овие простори.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци