Во февруари започна реконструкцијата на главната сообраќајна артерија во Прилеп, булеварот „Гоце Делчев“. Истиот ќе биде реконструиран во должина до 560 метра, од потегот на раскрсницата со улицата „Браќа Ламески“, кај споменикот Карпалак па се до маркетот „Тинекс“. Освен булеварот ќе се реконструира и улицата „Прилепски бранители“ во должина од 280 метри започнувајќи од раскрсницата кај поранешна Градска кафеана па се до кружниот тек кај Поштата. Изведувач на работите е компанијата „Изофас“. До овој момент реконструиран е тротоарот од потегот на раскрсницата кај поранешна Градска кафеана па се до раскрсницата со улицата „Браќа Ламески“.
Погледете како досега се одвиваа градежните работи.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)