Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Овде, токму на ова место, ќе никне еден од најубавите проекти во нашиот град, „Топташ Скајлајн“ – новата движечка сила на активниот туризам и рекреацијата.Спој на природата и современите урбани трендови. Модерен парк на просторот од Шаторов Камен до Топташ на површина од 10 хектари и на само неколку минути од градот, истакна Петра Лукароска, кандидат за градоначалник на Прилеп.
„Место за рекреација, спорт и забава за сите генерации со целосно изградена инфраструктура: уреден пат, паркинг простор, велосипедска и мотокрос патека, ЛЕД осветлување. Панорамска платформа со неверојатен поглед, кампинг зона, детски игралишта, летниковци, зона за социјални игри, болдеринг, фитнес и јога зони, патека за трчање, зона за тишина. Сето тоа поврзано со интерактивна веб страница, виртуелна тура и ГПС навигација низ патеките.
„Топташ Скајлајн“- место на кое природата и современиот живот се надополнуваат, создавајќи нова туристичка атракција, нови работни места и нов симбол за гордост на Прилеп и прилепчани“, рече Лукароска.