ВИДЕО- Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени – започна „Пеце Атанасовски“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Грмнаа тапаните, писнаа зурлите и гајдите. Насекаде ечеше македонската народна музика и песна. Во Прилеп по 52 пат започна најреномираниот Фестивал за народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“. 250 учесници од цела Македонија ќе го претстават фолклорот пред публиката.

Прилеп, долненци, но и цела Македонија треба да се гордее што го има овој фестивал и ние искрено се надеваме дека ќе продолжи да се одржува, да продолжи континуитетот и се додека се одржува фестивалот верувам дека ќе има интерес и од најмладите, но и од повозрасните да доаѓаат, да учествуваат на фестивалот“, рече Стојанче Костов, дел од стручното жири.

Младите кои ги имаше од повеќе места од Македонија, но исто така имаше дојдено и од странство, велат дека љубовта кон традиционалната македонска музика ја носат во срцето уште од мали нозе.

Доаѓам од Канада, свирам на гајда 2 години, учам онлајн часови со професорот. Гајдата ме потсеќа на Македонија, убаво ми е кога ќе свирам, интересно многу“, истакна Андреј Димитриоски, учесник на Фестивалот.

 

За среќа се зголемува интересот кај младите и општо и кај повозрасните се појавува интерес за слушање на овој инструмент, можеби не за свирење но за слушање, а чим има побарувачка автоматски ќе добиваме и нови млади изведувачи“, кажа Александар Ангелов, учесник на Фестивалот.

 

Она што најмногу ме привлекува е она што нашите го правеле во минатото, знаеме дека денес голем дел од младината слушаат помодерна музика, некоја што навлегува во поголем ехот и оваа музика се заборава. Генерално пропаѓа надолу и за жал изумира“, рече Христијан Саздовски, учесник на Фестивалот.

Сепак за да се задржи интересот за нашиот фолклор државата треба да оддели повеќе средства за да се поддржат сите овие друштва кои се занимаваат со овој вид на музика.

Институциите задолжени за зачувување на културното, материјално и нематеријално наследство и тоа како треба повеќе да се загрижат и да дадат малку повеќе средства, да се врати оној професионален аматеризам, да го дадат на едно повисоко ниво затоа што замреа тие институции, организации каде аматери ги негуваа и музиката и инструментите“, вели проф. Д-р Горанчо Ангелов, етномузиколог.

Втората Фестивалска вечер ќе се одржи во Општина Долнени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци