ВИДЕО – Мицкоски: Дел од власта се спрема да бега, има еден и од Прилеп, но ќе ги вратат сите пари кои ги краделе

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Доаѓа крајот за овие луѓе кои 6 години ја пустошат, понижуваат и пљачкаат Македонија. А после крајот доаѓа и соочување со реалноста и со многу криминал кој го имаат направено, истакна денеска во Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дел ќе бегаат претпоставувам, бидејќи имам такви информации дека се пакуваат, има еден пример и тука во Прилеп за еден многу значаен лик тука кој дивее низ градов 6 години, со возен парк од неколку стотици илјади евра. Се подготвуваат за бегање, но нема бегање, ќе ги најдеме каде и да бегаат јас ви ветувам дека ќе ги најдеме и за уши ќе ги донесеме тука и ќе ги вратат парите што ги крадеа од народот. Редовните избори се набргу, а јас посакувам избори час поскоро, еве есента е одлична можност, но ние како ВМРО ДПМНЕ немаме 61 пратеник во парламентот, но како и да е и редовните избори се за неколку месеци од денес“, истакна Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира