Брука, едноставно со еден збор може да кажеме, веќе се срамам што можам и да бидам и дел од ова, макар и како опозиција, би рекол политичко мочуриште. Вака денеска лидерот на ВМРО-ДПМЕН, Христијан Мицкоски го прокоментира вчерашното одложување на вакцините кои требаше да пристигнат од Србија.
„Ова е срам кој што на дневна основа овој човек заедно со неговите најблиски соработници го приредува на цела држава, на цел народ. Тука нема политички определени или неопределени, верски, национално, ова е брука и голем срам кој ни се случува. Не само што сме последни, туку веќе почнаа и мајтап со нас да си играат сите. Наместо да седнат и да ги потпишат нивните оставки тие уште гледам се обидуваат да најдат оправдувања преку некои ступидни соопштенија кои ги лиферуваат до јавноста. Им недостасувале документи… им недостасува памат, тоа е она што можам да го кажам, ако имаат малку повеќе памет, стратегија и визија тогаш немаше ние денеска да бидеме последни и да се срамиме со нивните постапки“, рече Мицкоски.
