ВИДЕО- Мицкоски: Секогаш може да се појават нови детали со кои ќе се обнови процесот за модуларна Тетово

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Треба јавноста да знае дека ова е процес кој трае веќе 5 години, процес кој изминативе 5 години околу себе мобилизираше разни информации, но она кое е исто така значајно да се напомене е дека во модуларната болница во Тетово живи изгореа 14 луѓе, ќе повторам, живи гореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово, истакна денеска премиерот Христијански Мицкоски во Прилеп одговарајќи на новинарско прашање околу одлуката на обвинителството за отфрлање на обвинението за изградбата на модуларните болници.

„За жал, обвинителот кој е во заминување, бидејќи од тоа што сум информиран веќе е распишан оглас за нов обвинител во ОЈО за гонење на организиран криминал. Претпоставувам своите должничко – доверителски односи кон претходната влада одлучува до крај да ги испорача и не му значат тоа што живи гореа 14 луѓе, ќе повторам живи гореа 14 луѓе, не му значи тоа ништо и одлучува да овој процес го стопира. Но сакам да знае јавноста дека ова не е политичка амнестија од страна на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци, бидејќи секогаш може да се појават нови детали кои се поврзани со овој процес и секогаш овој процес може повторно да стане актуелен и да практично пред јавноста се покрене од самиот почеток. Така што многупати сум ги коментирал тие одлуки во рамките на нашиот правосуден систем, за жал една од тие скандалозни одлуки е и оваа. Она што мене ме збунува, а стигнува како порака од опозицијата е до вчера што тие критикуваа за односот на правосудните органи, сега ги фалат и се полни со хвалоспеви за нивната работа и таканаречената “објективност“. Но, ќе повторам, овој обвинител и луѓето кои го водеа овој случај не најдоа докази за сторено кривично дела за случај во кој живи гореа 14 луѓе“, рече Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци