ВИДЕО- Мицкоски: Ќе се рестартира дел од проиводството на Еурокомпозит, но ќе има и нови производи согласно потребите на пазарот

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја потврди продажбата на последниот голем државен загубар прилепски Еурокомпозит. Мицкоски потенцираше дека целта е да се рестратира дел од наменското производство за воената индустрија, но во иднина во Македонија да се произведувата и друга воена опрема согласно потребите на пазарот.

„Целта е да се обнови дел од старото производство, но соодветно на пазарите и нова гама на производи. Целта е да се рестартира комбинатот. Повторно ќе кажам дека оваа Влада се грижи за иднината на државата, економијата, граѓаните и работниците, а картелската влада е минато. Поразена на неколку изборни циклуси. Оваа Влада има намера да ја развива државата“, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на Влада на РМ.

Инаку лани на 24 декевмри Еурокомпозит го купи македонско – полскиот конзорциум составен од компаниите ФУТУРА МОДА Д&А ДООЕЛ од Скопје и полската фирма FHR ARMOR LOGISTICS. Поранешните вработени велат дека им биле одобрени 65% од побарувањата кои ги имаат за заостанати плати, придонеси и к-15. Според нивни информации новиот инвеститор сакал да прави и воени дронови.

Од неофицијални извори знаеме дека ќе се правеле шлемови, панцири, можно е и дронови, тие не се сигурни извори, но полскиот конзорциум што ја зеде сигурно има некој план, а плус најавуваат нови 150 вработени“, изјави Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

Новите инвеститори првата рата кон доверителите од околу 1,2 милиони евра веќе ја исплатиле, а останатите 3 рати требало да ги исплатат во наредните 3 години, односно до крајот на 2028, кога полскиот инвеститор ќе стане и комплетен сопственик на Еурокомпозит.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци