ВИДЕО- Над 200 ученици од IV одделение во Прилеп Европска недела на спортот – MOVE MK 2026

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Над 200 ученици од IV одделение од три основни училишта во Прилеп, учествуваа во настанот во ООУ „Кире Гаврилоски“ со што ја одбележаа Европска недела на спортот – MOVE MK 2026. Активностите беа организирани така што секое дете да може да се вклучи, без оглед на спортското искуство кое го има.

„Пораката која што сакаме да ја испратиме е да бидеме активни, не е важно кој колку и како ќе придонесе  важно е да учествуваат сите. Овие над 200 ученици се оние кои ќе ја пратат пораката кон сите останати дека треба да бидеме активни и затоа оваа акција е MOVE MK 2026 или BE ACTIVE, односно да бидеме активни и спортуваме“, рече Гоце Бумбароски,  раководител на одделение за јавни дејности и службеник за млади во Општина Прилеп.

На игралиштето имаше поставено 3 полигони каде децата се натпреваруваа во повеќе спортови и училишни спортски игри.

 „Децата имаат своја задача да ги преминат реквизитите, да бидат безбедно вратени до целта, да не се повредат и нашата цел е да учествуваат во вакви игри и спорт и да знаат што е натпреварувачки дух. За едно дете на една ваква возраст е доста значајно тоа да спортува бидејќи сега се тие години каде му даваме вистинси правец на децата каде треба да бидат и спортот е едно од најдобрите нешта во нивниот живот кој треба да се случува и понатаму“, додаде Илија Димоски, професор по физичко образование.

 Практично фокусот на оваа манифестација не е на спортските резултати, туку на движењето, дружењето и навиката за физичка активност. Европската недела на спортот е можност преку игра и спорт на најмладите да им се покаже дека физичката активност не мора да биде обврска туку може да биде забавен и природен дел од нашето секојдневие.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци