ВИДЕО- На 6 и 7 јуни во Поречието по 5-ти пат аутдор фестивалот „Samokov Extreme“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

По 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни ќе се одржи еден од поголемите аутдор фестивали во Македонија „Samokov Extreme“. Главната цел на овој Фестивал е развојот на туризмот во овој регион и ставање на с. Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам. Возење со теренски возила, возење со мотокрос и АТВ возила, се спортовите кои 2 дена ќе се практикуваат во Поречието.

Месното население во Самоков го прифати фестивалот како свој и целокупното население дава значаен допринос во организацијата на истиот настан. Целокупното население е дел од самиот настан и затоа од година во година како настан растеме, првата година беше најтешка, но самите љубители на природата, тргнувајќи од возачите и пешаците, го препознаа самиот настан и од година во година растеме. Така да, еве само крос мотори ќе имаме над 100, пешачката тура имавме по 50-60, годинава мислиме дека ќе имаме и над 70 учесници“, изјави Жарко Ристески, градоначалник на М. Брод.

Кампинг за сите учесници ќе има организирано на на стадионот во Самоков. А Фестивалот многу придонесува и за развој на локаланата економија, затоа што локалните жители на туристите им продаваат мед и други домашни органски производи и традиционални специјалитети. А корист имаат и сместувачките капацитети.

Заедно со локалните волонтери подготвивме доста интересна кружна тура долга околу 12 километри, низ предели полни со зеленило, чист воздух и чувство кое не се опишува. Ги поканувам сите љубители на планината, природата, авантурата да се приклучат на овој настан“, истакна Андреј Стефаноски, координатор на планинарската тура.

 

Во оваа прилика сакам да ги поканам сите колеги кои возат мотокрос од цела Република Македонија, да повелат да дојдат на дводневната дружба во Самоков, каде ќе имаме можност заедно да уживаме во недопрената природа и мотокрос патеките што ни ги нуди Поречието“, рече Јесер Дуракоски, координатор на мотокрос турата.

Организатор покрак Општина М. Брод е здружението Форум за аванградна креативност од Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци