ВИДЕО- Одбележување 25 години од Карпалак – Бранителите: 25 години се поклонуваме пред плоча наместо пред споменик, се чувствуваме како терористи

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

25 години наместо пред грандиозен споменик се поклонуваме пред обична плоча, ниту една партија на власт досега не собра храброст да изгради достојно спомен обележје, се чувствуваме како ние да сме терористи, а не тие кои ја нападнаа државата. Овие пораки денеска од месноста Карпалак револтирано ги упатија бранители кои го преживеаа крвавиот масакр од 2001-ва каде беа убиени 10 мина прилепчани од страна на терористите. Бранителите се пожалија и на тоа дека тие како делегација последни положувааат цвеќе на спомен обележјето на Карпалак.

Жална Македонија, без разлика кој ја води, ниту еден не собра храброст или сила или да го искажат својот патриотизам, да изградеа едно спомен обележје. Нашите “патриоти“ што се на власт се сеќаваат на нас само 10 минути во текот на целата календарска година, кога ќе дојдеме овде. За права апсолутно никакви, никакви, 25 години се молиме и никој не не прашал како живееме, дали нешто ни треба. Не третираат како терористи, да немаме право на здравствено лекување, да немаш право детето да го запишеш на факултет да му платат интернат или бесплатно школство. За вработување да не правиме муабет, а не дај Боже стан некој да побара, нема шанса“, истакна Јордан Трајкоски, Здружение на воени резервни обврзници од Прилеп.

 

Нема ниту еден од државава, никој не се грижи за нас, до кога не знам. Еднаш треба да се реши тоа прашање“, кажа Гоце Бежоски, Здружение на воени резервни обврзници од Прилеп.

Чествување денеска имаше и во Прилеп, во центарот на градот пред споменикот на загинатите, каде свежо цвеќе положија делегации на Собранието, Владата, кабинетот на претседателката,Генералштабот, семејствата на загинатите и политички партии.

Како што хероите на Карпалак несебично застанаа во одбрана на државата, денес сме должни со иста таква посветеност и решителност, но и мудрост да се соочиме со сите предизвици кои ги носи сегашноста, но и иднината. Жртвата на бранителите ни дава обврска, но и храброст да успееме во тоа, а нашата цел и успех е само една, европска и просперитетна Македонија“, рече Марјан Ристески, заменик министер за локална самоуправа.

 

Токму затоа нивната жртва е темел на нашата одговорност. Карпалак останува болно сведоштво за цената на слободата, но Карпалак е и место од кое извира една голема вистина, дека Македонија секогаш имала луѓе кои биле подготвени да ја стават татковината пред себе. Денес сме тука за да покажеме дека времето не ја намалило нашата благодарност и дека споменот не е избледен“, кажа Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 Претходно во Прилеп се одржа и положување на цвеќе на вечните почивалиште на бранители и панихида за нив во црквата Света Петка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци