ВИДЕО – Од 305 ваги работат само 19, тутун не се предава, Сојузот бара просечната цена да биде 420 денари

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Иако започна раниот или предвремен откуп на тутун тактизираат и тутунарите и откупачите. Ниту првите предаваат тутун, ниту пак вторите ги отвораат пунктовите. Од 305 ваги во Македонија денеска работат само 19 на 2 од 10 откупувачи, но и тие стојат празни. Тутун се предало во мали количини само во Источна Македонија, оценет во прва класа по цена од 375 ден. за кг. Од Сојузот на тутунски здруженија бараат годинава просечната цена да не биде пониска од 420 денари за кг.

„Со откупувачите имаме преговарноп поединечно скоро со сите и на самиот старт му најавивме да не размислуваат за пониска цена од ланската, да оди исклучиво повисока цена. Ние бараме да биди 420 денари просечна цена, од која мислиме дека тутунопроизводителите ќе бидат колку толку задоволни“, вели  Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

 

„Повисока цена секој очекува, се надеваме дека ќе биде подобро за сите“, кажа Џемаљ Насифоски, тутунар од крушевско с. Алданци.

 

„Мора да дојдеме до една вистинска цена за да тутунопроизводството опстане, ако планираат откупувачите и в година да откупуваат мора да се соработува, истакна Јусуф Ибраими, тутунар од долненско село Житоше.

Тутунарите годинава исто како и лани се надеваат дека државата ќе ги зголеми и субвенциите.

„Годинава субвенциите се 60 денари за трета, 70 за втора и 80 денари за прва класа. Лани беа 100 денари, тоа беше интеревентно бидејќи немаше доволно тутун. И годинава нема и затоа сметаме дека пак ќе има зголемување на субвенциите“, додаде Ристески.

Иако од Тутунски комбинат Прилеп пред неколку денови најавија дека се подготвени за старт на откупот, до сега ниту оствариле контакт со Сојузот на тутунски здруженија, ниту пак имаат најавено кога ќе започнат со откуп. Според законски рок со откуп сите откупувачи треба да започнат до 15 декември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци