ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 12 години владееше со терор, закани, уцени и притисоци, сеуште е заглавена во истата насилничка матрица. Ништо не е променето во партијата чиј процесен претседател е криминалецот и бегалец од правдата, Никола Груевски. Истакнаа на денешната прес конференција од ОО СДСМ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Информациите кои вчеравечер ја преплавија прилепската јавност, дека Петар Ристески, првиот човек на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Општина Прилеп бил инволвиран во физичка пресметка, денеска ги потврди и СВР Битола.
Полицијата информираше дека нашиот сограѓанин, познатиот стоматолог Благоја Бисеркоски, пријавил дека синоќа во центарот на градот бил физички нападнат од страна на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, Петар Ристески.
Вчера, на својот Фејсбук профил, докторот Бисеркоски напиша дека бил нападнат и удрен со бокс во главата од страна на координаторот на прилепското ВМРО-ДПМНЕ, и дека претходно Ристески му упатил лични закани и закани по неговата фамилија.
Граѓаните на Прилеп се згрозени од ваквото однесување на Петар Ристески – Пеката. Наместо инциденти и физички пресметки во кои се инволвирани највисоките локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои со своето непримерно однесување се издвојува нивниот координатор Петар Ристески, на политичката јавност и е потребна опозиција која ќе промовира позитивни идеи и предлози за подобро утре на сите во градот и државата.
Општинската организација на СДСМ Прилеп ги повикува сите надлежни институции, полицијата и обвинителството да преземат итни мерки за расчистување на случајот со Петар Ристески. Правда мора да има, а секој што се огрешил пред законите ќе одговара“, велат од ОО на СДСМ Прилеп.