Градоначалникот на Општина Прилеп Илиија Јованоски денеска истакна дека не знае на колку ученици во Прилеп им се потребни комјутери за да можат да одржаат онлајн настава, но за да набават ваков виид на опрема како локална самоуправа одделиле 8,2 милиони денари.
„Бројка се уште немаме, знаеме дека има во сите училишта бројка кои се социјални случаеви и кои немаат компјутер, лаптоп инт. Ние направивме јавна набавка за сите училишта, за потребите на социјалните случаеви, јавната набавка е во тек, се надеваме дека до отворањето на тендерот на 30 октомври ќе ги имаме дотогаш. Знаете дека е проблем набавката на компјутери во целата држава.
Бројката не е точно одредена, одредена е сумата, 8.200.000 денари. Во зависност од цената на компјутерите, толку ќе бидат и тие. Затоа не можам да ви ја кажам бројката, ви ја кажувам сумата“, истакна Јованоски.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/kreas2020d.gif)