ВИДЕО- Пожарот кај с. Чаниште има потенцијал да прерасне во најголемиот пожар сезонава

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Неколку куќи и една штала изгореа во пожарот кој што попладнево околу 13.30 часот го зафати атарот на селото прилепското село Чаниште во Мариово, а за брзо време се прошири и низ самото село. За среќа нема повредени ниту жртви. Станува збор за село кое е ретко населено со 10-тина постојани жители и е оддалечено околу 35 км. од Прилеп на доста непристапен терен. Екипите на ТППЕ Прилеп кога пристигнале пожарот веќе навлегувал во селото.

„Огнот зафатил една, а постои можност и уште неколку други куќи кои биле користени за привремен престој како викендици. Дополнително ќе се утврди точната борјка на зафатени куќи. Еве тука до мене е изгорена и една штала релативно нова. Огнот се движел низ селото, а благодарејќи на прилепските пожарникари тој е спречен на место од каде е спречен истиот да се префрли во другиот дел на селото“, истакна Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Итно пристигнал и тимот за брз одговор на ДЗС како и 20-тина членови на доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола но огнот излегол од селото поделувајќи на два крака кои во моментов горат на доста непристапен терен во доста сува трева висока над 1 метар.

„Бидејќи условите дозволуваат да се гаси ноќе, ќе се обидеме да го изгаснеме ноќва едниот крак и со тоа би завршиле голема работа бидејќи овој пожар има капацитет да прерасне во еден од најголемите пожари во оваа пожарна сезона, затоа што теренот е крајно непристапен, карпест и си бујна вегетација и сува трева“, додаде Ангелов.

Екипите на ДЗС, ТППЕ Прилеп и доброволци од Прилеп и Битола ќе останат на лице место преку целата ноќ во обид да спрчат поголема катастрофа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци