ВИДЕО – Покачување на цените на тутунот за 35 до 40% – бараат членовите на „Тутунска надеж“ и другите здруженија

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Тутунарите членови на здружението „Тутунска надеж“ и другите новоформирани здруженија бараат покачување на цените за тутунот по класи за 35 до 40%. Тие се против ставот на Сојузот на земјоделски здруженија кој пред неколку денови побара класите да се покачат за 20%. Според нив ако се покачат цените за 20% и ако се ценело според правилникот, како штоп сега стоеле работите ќе се добијало просечна цена од 277 денари, што ќе била пониска од ланската просечна цена која достигна 290 денари.

Имајќи во предвид дека коштањето на килограм тутун да се произведи е 240 денари, плус околу 30% некаква заработувачка минимална за тутунопроизводителот, тогаш ќе добиеме цена од 312 денари за килограм, зборуваме за нормална проценка. Значи цените на тутунот не смеат да бидат под 35-40% покачување за да имаме реална проценка“, истакна Васко Јосифовски, здружението „Тутунска надеж“.

Се жалат и од односот на откупувачите кон тутунарите со присилно потпишување на договори за новата реколта. Бараат заштита од државата.

Многу тутунари добиваат веќе потпишани договори, без можност да ги одбијат. Дали тоа се должи на стравот дека некои од откупувачите ќе останат без договори па ќе ги загубат лиценците, или се работи за свесна манипулација за непокачување на цените, тоа допрва ќе го видиме. Во секој случај и ова што се случува е тежок криминал, тежок фалсификат“, додаде Јосифовски.

Лани скоро целиот тутун беше проценет во прва класа, бидејќи немаше доволно количини, тутунарите сега бараат да се обештетат оние тутунари кои го предаваа тутунот на почетокот на откупот, а нив не им беше проценет во прва класа како на останатите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира