ВИДЕО – По 11-ти пат црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп ја организираше хуманитарната акција за Божик

Црквата Свето Благовештение во Прилеп по 11-ти пат ја организираше хуманитарната акција за Божик со која на 110 социјално загрозени семејства од градот ќе им бидат поделени пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена.

 

 

Акцијата ја организираат вработените во црквата кои еве над една деценија функциониираат како неофицијална хуманитарна организација која го носи името на светителот „Свети Никодим Прилепски и Тисмански“,чија икона во 2015 година започна да мироточи токму во црквата Свето Благовештение.

 

Средствата за оваа акција се собираа од хумани граѓани и верници кои донираа пари во специјалните кутии кои во текот на месец декември беа поставени во сите православни храмови во Прилеп. Во акцијата се вклучи и самата црква.

 

Вакви акции црквата Свето Благовештение организира два пати во текот на годината, за Божик и Велигден.

 

Откако беа собрани пакетите кои ќе бидат поделени утре, во знак на благодарност акцијата заврши со пеење на тропарот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански пред мироточивата икона.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира