На денешен ден, 5 мај, 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
Првачињата од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, од одделението на наставникот Гоце Бумбароски со едно интересно видео го честитаат денешниот ден.
„Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“, вели Петре М.Андреевски. Право и должност е да го сакаме и да го браниме својот јазик, како нешто свето. Тој е нашето најголемо духовно богатство, зашто судбината на јазикот е и судбина на народот. Честит Ден на македонската азбука и на македонскиот јазик во Република Македонија!“, истакна наставникот Бумбароски.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)