ВИДЕО – Првите прилепчани што стапнаа на Марс


Излезе новата нумера насловена „Доминатико“ (DOMINATIKO) на прилепчаните Димитар Долгоски -Лорд (LXRD) и Менде Димески – Авеиро (AVEIRO) на јутјуб каналот „АРТЛАНД ЛАБЕЛ“ (Artland Label). Ова им е прва заедничка песна, а жанрот е трап музика.

Прекрасната нумера е поддржана од висококвалитетниот видео запис кој се снимаше пред еден месец во Пелагонија на местото викано Гнеотино близу границата со Грција, место кое изгледа како да е буквално на Марс.

Микс и мастер: Димитар Долгоски -Лорд (LXRD), Менде Димески – Авеиро (AVEIRO), заедно со Иле Михајлоски – ИЛЈАСКИ (ILJASKI).

Камера: Димитар Долгоски -Лорд (LXRD) и Mартин Милкоски

Монтажа: Димитар Долгоски -Лорд (LXRD)

Графика: Ник дизајн (NIK DESIGN) и Филип Димитриевски.

Проектот е поддржан од Hydes clouting.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира