ВИДЕО – Прилепчанецот Неданоски дел од експедицијата за откривање на најдлабоката пропаст во Европа

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Дарко Неданоски од Прилеп е единствениот Македонец, дел од меѓународната експедиција, која од 10 до 20 август на Канин планина која што се наоѓа на границата помеѓу Словенија и Италија ќе ја истражува пропаста „Скраљево брезло“. Моментално таа е истражена во длабочина до 1.200 метри, а се претпоставува дека е длабока 1.900 метри. Доколку се истражат овие канали со висинска разлика од 700 метри и должина 1,5 км. со тоа „Скраљево брезло“ ќе стане најдлабоката пропаст во Европа.

„За мене ова претставува голема чест бидејќи поставуваме нов државен рекорд, ја носиме Македонија во книгата на рекорди и секако да бидиам во тој тим ми е голема чест затоа што таму ќе бидат врвните инструктори, СРТ техники, за техники на единечно јаже, спасители и секако луѓе кои долги години се занимаваат со научно истражување на тие пропасти и пештери“, вели Дарко Неданоски, член на меѓународната експедиција во „Скраљево брезло“.

За оваа експедиција се подготвувале околу една година, затоа што од 7 до 10 дена ќе бидат внатре во пропаста, таму и ќе спијат без да имаат излегување на површината.

„Веќе долго време се подготвуваме физички и секако тука станува збор за ментално-психичка подготвеност затоа што претпоставуваме дека ќе бидеме од 7 до 10 дена внатре во пропаста. Работевме по програма, трениравме по програма, сега последен период внимаваме многу и на исхраната, има посебен режим. Затоа што долу на длабочина од 1.200 метри мораме да внимаваме точно и на храна и на вода и на секое наше движење“, додаде Неданоски.

Неданоски досега 2 пати го има поставено државниот рекорд, во 2016 на длабочина од 834 м, а во 2017 година се спушти на 950 метри во пропаста Словачка Јама. Но ова ќе биде досега негово врвно достигнување. Тој е докажан спелеолог, спасувач, иструктор и претседател на Спелеолошката федерација на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци