ВИДЕО – Прилеп воведува селекција и на електронски отпад


Прилеп продолжува да биде лидер во селекцијата на отпад во Македонија. Денеска на 12 локации низ градот, покрај контејнерите за селекција на пластика, хартија и стакло се поставени и контејнери за собиратање на електронски отпад. Идната недела ќе бидат поставени уште 12. Контејнерите се наоѓаат на лесно пристапни локации, главните градски улции, каде граѓаните може да дојдат со возила и да го остават отпадот. Станува збор за отпад кој е помеѓу најштетните за животната средина.

Овој отпад содржи штетни материи, олово, кадмиум, и други кои треба да бидат одделени од сиот оној комунален отпад кој го депонираат граѓаните во контењерите и во кантите за смет. И секој граѓанин ќе може да ги одлага електричните и електронските уреди од помали монитори за компјутер, помали печатачи, мобилни телефони, батерии, акомулатори токму на овие места“, истакна Рубин Абрашоски, директр на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

 Контејнерите ќе ги празни Колективниот постапувач Нула Отпад. Освен овие контејнери ќе има и два собирните центри каде граѓаните ќе може бесплатно да носат погабаритни електронски уреди. Едниот центар се наоѓа во кругот на платото за селекција на отпад кај населбата Сточен пазар, а другиот кај депонијата Алинци.

Локалната самоуправа работи и на едуцирање со пропаганда и делење на мислења на летоци, да се запознаат граѓаните и јавноста колку е од корист правилната селекција на овој вид на отпад. Прилеп секогаш е и ќе биде еколошки чист град“, додаде Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Инаку Прилеп со околу 1.000 тони селектирана пластика и хартија на годишно ниво е лидер во селекцијата на отпадот во Македонија. Прилеп селектира 40% од вкупниот селектиран отпад во државава, вклучувајќи го тука и Скопје. А во градот и 16 населени места секое семејство во посебни канти ја селектира хартијата и пластиката.

Контејнери за собирање на електронски отпад веќе има поставено 12, а таму каде што нема ќе бидат допоставеби уште 12 идната недела, на овие локации:

  • 13-катница,
  • Кај Уредот,
  • Универзална сала,
  • Бул „Гоце Делчев“ накај  хотел Липа,
  • Булевар „Гоце Делчев“,
  • Наспроти Џими – маркет,
  • Точила под пазарче,
  • Димо Наредникот – паркинг  накај Шопе,
  • Александар Македонски – стадион,
  • Стара автобуска до мост покрај ново отворената улица,
  • Табана – паркинг зграда,
  • Градски пазар од кај катна гаража,
  • Типска населба – парк,
  • Могила/хотел Салида – кај оградата,
  • Кај Економско училиште/алтернатива  Рампо Левката,
  • Кај паркинг  фабрика 11 Октомври,
  • Точила –  згради паркинг од кај Света Петка  Ц3,
  • „Самоилова“ кај интернат,
  • Економски факултет,
  • Тризла меѓу градинка и ООУ „Добре Јованоски“,
  • „Александар  Македонски“ – накај Лук Оил,
  • Вишне  кај Месна заедница / алтернатива покрај река повидливо,
  • Згради Ѓогдере – видлив пункт од кај реката и
  • Болница или Петта прилепска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира