ВИДЕО- Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина, прв од ваков тип во овој дел на државата


Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина, прв од ваков тип во овој дел на државата. Центарот е сместен во Здравствениот дом, а пациентите тука може да дојдат со упат од матичен лекар преку Мој Термин. Моментално 65% од возрасното населението во Македонија има прекумерна телесна тежина, а на 30% од возрасните живеат со дебелината како хронична болест. Дебелината е причина за појавување на диабет, висок крвен притисок и многу срцеви заболувања.

Како коморбитидет се јавува во многу болести, кај многу пациенти, тоа го забележавме и тоа ни беше предизвик да го отвориме овој центар. Дебелината ја има скоро во сите болести, го нарушува квалитетот на живеење, работоспособноста кај луѓето, затоа го отвораме овој центар за менаџирање на дебелината“, истакна Д-р Кире Јоноски, директор на Општа болница Прилеп.

 

Пациентите ќе се дијагностицираат, ќе се прават лабораториски анализи, со помош на апаратот „Ин боди“ ќе се одредува телесната дистрибуција на масно ткиво, односно распределбата на масти, како и присутноста на мускулна маса. Потоа ќе се прават лабораториски анализи, ќе се врши едукација на пациентите околу начинот на исхрана, промена на животните навики, физичката активност, како и ќе се препорачува соодветен третман, дали тоа ќе биде промени во исхраната, начинот на исхрана, физичка активност, или пак ќе се препорачува фармаколошка терапија ќе зависи од профилот на самиот пациент“, рече Д-р Катерина Чешлароска Маркушоска, ендокринолог.

Целта е навремено препознавање на дебелината како болест и навремено реагирање да не се случи пациентот да добие и други болести.

Да се подигне свеста не само кај населението, туку и кај нас здравствените работници дека со вакви центри ние ќе му придадеме значајност на оваа хронична болест. Нажалост и ние се уште не ја поставуваме дијагнозата за дебелина Е66. Ваквите центри за менаџирање на дебелината се идентификуваат како центри за рано дијагностицирање, современ и навремен третман, манџирање и превенција на компликации“, рече Проф. д-р Ирфан Ахмети, Клиника за ендокринологија Скопје.

Научното здружение за дебелина „ОБЕМ“ има активна кампања низ целата држава насловена „Кругот на поддршка“ чија цел е запознавање на граѓаните со дебелината како болест и навремена реакција за истата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира