ВИДЕО- Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијата сите потребни документи

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во Прилеп се отвори Центарот за услуги кој е сместен во просториите на даночното одделение спроти зградата на Општината. Тука на само еден шалтер може да ги добиете сите услуги кои ги нуди порталот uslugi..gov.mk. Граѓаните сега нема да мора да шетаат од институција во институција за да извадат некој документ туку сега имаат се на едно место.

„Ние овозможивме простор во нашиот едношалтерски систем со што целта беше да заокружиме дека граѓаните со пристап до една врата ги имата на дланка сите услуги кои ги издаваат и локалните и централните власти оние кои се ставени на платформата е услуги;“ изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Приелеп.

Нјакористени услуги од порталот Е услуги во моментот се изводите од матичната книга на родени, венчани и починати лица, уверението за државјанство, потврди за неосудуван и други.

„Она што е важно да го потенцираме е дека ние ветивме дека во Прилеп ќе отвориме Центар за услуги, дека Прилеп ќе добие бесплатна WI-FI зона со бесплатен интернет и дека Прилеп го ставаме на мапата на процесот на дигитализацја и тоа го оставаруваме за помалку од една година од кампањата која беше за локалните избори овие ветувања станувата реалност. Во Центарот за услуги се достални над 350 услуги за граѓаните, дел од нив граѓаните знаат да ги користат преку порталот, но тие кои не знаат, кои немаат дома технички можности или не сакаат сами да се снаоѓаат, може да дојдат во Центарот за услуги и вработените ќе им помогнат да си ја завршат рабоптата и да им помогнат“, рече Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Досега вакви центри имало отворено во 16 градови, а до крајот на годината ќе се отвореле уште 5 вакви центри низ државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци