ВИДЕО- Проданоски: Ова нема да бидат избори само за тоа кој би победил, ова ќе бидат избори кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот на секој прилепчанец

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Ми претставува особена чест и задоволство денеска да ја започнеме кампањата од ова култно место во Прилеп, плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, кој е лик кој го претставува почетокот на оваа држава. Така еве симболично од овде почнуваме со секоја кампања, од ова култно место во градот, истакна денеска Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп.

„Ова нема да бидат избори само за битка кој би ги победил, ова ќе бидат избори кои ќе значат секојдневие на секој еден прилепчанец, ова ќе бидат избори кои ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот за сите прилепчани. Овие се избори кои ќе ги започнеме со чувство на сигурност, сигурност дека имаме одличен тим, сигурност дека имаме уште подобра програма и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од Владата на РМ, предводена од претседателот Христија Мицкоски.

Особено ми е чест што денес на овој почеток на кампањата го имаме за наш гостин вицепремиерот и министерот за транспорт и врски, кој не е случајно тука. Инфраструктурата е еден од нашите основни приоритети кои ги имаме во Прилеп, слушнавте од неговата изјава дека клучно е она што ќе го прави Владата, автопатот кон Битола, завршување на експресниот пат кон Скопје, но тоа е само еден чекор, ние ветуваме програма со која прилепчани ќе добијат подобар живот.

Стојам овде пред вас и давам збор дека ќе имате градоначалник кој е достоинствен, чесен, кој работи и слуша за секој еден граѓанин. Јас сум вашиот човек, јас сум човек од Прилеп и човек за Прилеп. Барам од вас поддршка заедно да ја започнеме оваа кампања и да ја изодиме напред, затоа што вистинскиот избор е овој и тоа е патот за иднината на нашите деца“, изјави Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци