Градоначалниот на Прилеп денеска најави уредување на речното корито на Градска река во Прилеп, како и тоа дека се размислува да се искористи примерот на Штип да се изградат паркинг места над реката во центарот на градот.
„Додека сме кај реката и уредување на речното корито, две нови работи кои планираме да ги правиме. Во завршна фаза е, ја чекавме уште хидролошката студија за урбано уредување на големото корито на градската река, што значи поставување на кејски ѕидови кои треба да го дозаокружат овој потег и понатаму да се влезе внатре во реката да се уреди просторот, да не биде вака во трева и дополнително да прави проблеми по однос на изгледот. Урбано да се уреди, да се постават патеки и блокови за уживање, урбана опрема, катчиња за фитнес итн., проектот е во завршна фаза, се чекаше уште хидролошката студија и да бараме средства за реализација на овој проект.
Од неодамна разговарав со градоначалникот на Штип и некако од неизлез, нема друго решение за понуда на паркинг места, би го вратиле размислувањето, да го видиме искуството од Штип како е да во централното градско подрачје го искористиме речното корито, над него ако е возможно да се изградат паркинг места кои се насушно потребни во централното градско подрачје. Ова е за периодот кој што следи“, додаде Проданоски.