ВИДЕО- Релушкоски: Потребно е Прилеп да добие Младински центар и стратегија како младите кои периодично заминуваат да се вратат дома

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во ова издание на Инфо Регион разговаравме со Дино Релушкоски, кој што вчера беше избран за претседавач Локалното собрание на млади во Прилеп. Наскоро треба да биде избран и Совет на млади од 9 членови кој ќе ги застапува младите пред Советот на Општина Прилеп.

Според Релушкоски она што најмногу е потребно е на младите во Прилеп е Младински центар кој требаше веќе да биде изграден, а Општина Прилеп доцни со реализацијата. Исто така според него потребна е стратегија како младите кои периодично заминуваат надвор од Прилеп дали поради финансии или пак едукација, да се вратат дома.

Ова е второ вакво Собрание на млади во Прилеп, првото за жал не успеа да постигне ништо особено за младите, но според Релушкоски сето тоа искуство и позитивно и негативно треба да се искористи во овој мандат од 2 години.

Повеќе околу тоа што му треба на младите во Прилеп погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци