ВИДЕО- Рикалоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Победа да биде жртва на туѓи политички експерименти, имаме јасен план за стабилизација

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


Денеска нема да зборуваме  „само за спорт“. Ќе зборуваме за симболот на Прилеп, ФК Победа, со факти и докази. Во време кога локалната самоуправа беше предводена од СДСМ, тогашната власт во 2019 година, уверуваше дека преземањето од Општината е „чекор за спас“ и дека ќе следува инвеститор, стабилизација и развој. Денес гледаме што остана од тие ветувања, финансиски хаос и кадровски распад, истакна на денешната прес конференција Златко Рикалоски, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Ние во тоа време како опозиција предупредувавме дека моделот што го туркаат е ризичен и нетранспарентен. Денес, за жал, времето покажа дека бевме во право.

Прашањето е едноставно:

Зошто, и покрај предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ управувањето на Акционерското друштво ФК Победа беше препуштено на неадекватни и некомпететни лица, без јасни механизми на контрола и менаџирање со клубот.  Кој гарантираше за нив? И врз основа на што?

Дополнително, во јавноста сега со право се поставуваат прашања за однесувањето на одредени советници кои денес глумат загриженост, а истовремено се поврзуваат со судски постапки во минатото и побарувања кон клубот.

Прашуваме, доколку ваква постапка е во тек, дали тужбата ќе биде повлечена поради љубов кон Победа или ќе преовладува финансискиот и личниот интерес?

Да ги расчистиме лагите.

Невистинити се тврдењата дека Општина Прилеп не се грижи за Победа и дека не бара решение за излез од оваа состојба  во која се наоѓа фудбалскиот симбол на Прилеп!

Од 2018 година Општина Прилеп до денес исплатила:

– 4.400.000 денари за струја,

– 8.800.000 денари за вода и поправки,

– над 12.000.000 денари директна финансиска поддршка преку јавни повици, дополнително на ова и редовното одржување на стадионот и инфраструктурата.

Ова се факти и реални бројки.

Општината не ја оставила Победа. Некој друг ја доведе во оваа состојба, токму оние на кои СДСМ им ја препушти без сериозна контрола. Доста е од манипулации! Доста е и од обиди за собирање ситни политички поени на грбот на Победа.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи симболот на градот да биде жртва на туѓи политички експерименти. Имаме јасен план за стабилизација. ФК Победа ќе се консолидира и ќе се врати каде што припаѓа, во врвот на македонскиот фудбал.

Одговорност мора да има! Доколку има финансиски пропусти и нерегуларности во работењето или било какви манипулации и злоупотреба со финансиите, секој што се огрешил ќе одговара. Политиката е минлива. Победа е вечна! Победа нема да згасне! Затоа, сега не е време за собирање ситнополитички поени, сега е време за заедништво, за поддршка, за верба и доверба“, истакна Рикалоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци