ВИДЕО – Ристески: Европскиот куп во параглајдинг во наредните 3 дена во Охрид кој станува балкански Центар на адреналински спортови

Facebook
Twitter
Email
Print

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид – 7 Ноември, денеска во СРЦ „Билјанини Извори“ се одржа свеченото отворање на Европскиот куп во параглајдинг. Натправарувачи од 24 земји во наредните 3 дена ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини во овој атрактивен адреналински спорт, кој годинава се организира под насловот „Ohrid fly Festival“.

„Голема благодарност до градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков за континуираната поддршка на овој прекрасен настан, каде во мај 2022 година за првпат го организиравме Европскиот куп во овој град. Сакам да упатам и голема благодарност до Општина Охрид, АРМ, Сојузот на средношколски спорт и организаторите на овој настан, како и до спонзорите за нивниот несебичен ангажман и поддршка.Со организацијата на овој настан и многу слични, Охрид полека но сигурно го оправдува епитетот „Центар на адреналинските спортови на Балканот“, ја збогатува туристичката понуда со ваква уникатна спортска манифестација, и секако создава услови за зголемување и продолжување на туристичката сезона на градот“, вели заменик министерот за економија, Марјан Ристески. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци