ВИДЕО – Ристески: Распуштање и целосна реформа на судскиот совет, проверка на имотот на судиите и обвинителите


Новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ особен фокус на работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата. Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт. Ќе спроведеме политики на расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизацијата и кронизмот. Кандидатите за судии и кандидатите за претседатели на судовите ќе се рангираат по законски критериуми. Ќе ги регулираме и постапките за преземање и префрлање на судиите во другите судови.

„Предвидуваме нова програма за испитување на исполнетоста на условите на професионалните и образовните критериуми за избор на судии. Ќе спроведеме целосна ревизија на приемот на кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

Предвидуваме распуштање и целосна реформа на судскиот совет кој се покажа досега како ранлив од надворешни влијанија. Ќе следува проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво, за што ќе биде формирано владино координативно тело против корупцијата, а преку реформи ќе имаме силен и ефикасен Државен завод за ревизија. Ќе воведеме мханизам преку кој ќе има зголемени санкции против функционерите, а преку посебна мерка ќе имаме нула корупција во јавните набавки.

Почитнувани, ова се само мал дел од проектите за подобар правосуден систем и борба против корупцијата. На 8-ми мај со заокружување на број 2 за листата на пратеници на ВМРО ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова ќе ставиме крај на хаосот и безредието кој владата предводена од СДС и ДУИ ги остави. Број 2 за достоинствена и горда Македонија“, истакна Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира