ВИДЕО- Рокас: Охрабрен сум од забрзаната работа за изготвување на 30-тина нови закони за борбата против корупцијата


Денеска во посета на Општина Прилеп беше амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, кој одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментира целиот случај со поранешниот вицепремиер Артан Груби, тој истакна дека ЕУ не ги коментираме ваквите случаи кои се поврзани со имлементација на самото законодавство, но дека нивниот став секогаш е дека сите треба да бидат еднакви пред законот.

„Владеењето на правото треба да се спроведува подеднакво и не треба да има никаква политизација, или пак вмешување во спроведување на правото ниту во поединечни случаи, ниту во сите случаеви кои се однесуваат на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Веќе може да видиме дека многу активности тековно се спроведуваат, исто така имаме информација дека Министерството за правда во моментот работи на изготвување на 30-тина закони и се разбира се надеваме дека клучните прашања поврзани со кривичниот законик ќе можат наскоро да бидат спроведени, со цел да можат да се подобри и борбата против корупцијата. Така да ние сме во исчекување на сеопфатен и добар кривичен закон. Од друга страна можам да кажам дека сум охрабрен од забрзаната работа која се прави со цел да може да се изготват овие закони, така да ќе видиме што ќе се случи во иднина откако ќе се усвојат тие закони. Се разбира дека ќе го мониторираме спроведувањето на истите“, рече Рокас.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира