ВИДЕО- Седум милиони денари инвестиција за реконструкција на ул. Кеј 1 Мај и ул. 11 Октомври


При крај се градежните активности за доизградба на тротоарските патеки на улицата „Кеј 1 Мај“ во Прилеп и поставување на урбана опрема во должина од 700 метри. Инвестиција во вредност од 7 милиони денари од страна на Министерството за транспорт, пари кои се останати од изградбата на улицата „Леце Котески“. Ова е првата фаза која треба да се реализира со овие средства, а вториот дел е изградба на велосипедски и пешачки патеки од кружниот тек кај Солидност, до новиот кружен, односно мостот Табана кој е во изградба.

Овде сакам да спомнам дека во овој проект, заради добрата организираност и заштеда на одредени количини на материјали кои останаа, за жителите на овој урбан блок овде, една од поурбаните населби, населбата Бончејца, направивме едно паркче од 300 метри квадратни каде што треба да се забавуваат најмладите генерации и тоа е вака како еден од најпозитивните моменти. Значи кејско разубавување, реконструкција на пешачките патеки, додавање на урбана опрема, клупи, осветлување на овој дел од градот“, истакна Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Со пари од Министерството за транспорт ќе се постават и 20-тина лежечки полицајци на повеќе локации во Прилеп.

Ќе видиме навистина една голема градежна експанзија да се искористи убавото време, да се искористи градежната сезона и што повеќе проекти да завршиме. Секако планираме и нови, најкрупна е обиколницата на градот за која што Општината веќе работи на проектирање, тоа е едно наше големо ветување. Кога ќе се заврши проектирањето ја презема таа обврска Владата да се најде изведувач, секако Владата обезбеди финансии да се заврши и тој голем проект“, изјави Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

 Беше најавена и реконструкција на дел од речното корито, изградба на нови потпорни ѕидови таму каде што ги нема и уредивање на внатрешниот простор на реката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира