Во последните 10 години секоја година се повеќе зголемува бројот на деца кои не се опфатени со вакцинација во Прилеп. Тој тренд е исто така и на ниво на држава. Од 2020 до 2204 година опфатот за вакцинација се движел од 92 до 93% за сите вакцини, а во 2025 за сите вакцини опфатот е понизок од 90%, тоа особено се забележувало кај MRP вакцината и кај HPV вакцината. Според експертите имало повеќе причини за тоа, а пред се било ширењето на дезинформации на социјалните мрежи и немањето на доволно медизински тимови за имунизација.
„Процесот на вакцинација се одвива само во една смена, за разлика од минатото кога се работеше во 2 смени, се работеше и првиот ден од викендот и се спроведуваше и теренска вакцинација. Сега за жал екипи за двосменска работа и за спроведување на теренската вакцинација. Од ова произлефува недоволен контакт со родителите, тие не се доволно едуцирани“, рече Татјана Станимировиќ, епидемиолог во Центар за јавно здравје Прилеп.
Кај MRP вакцината имало не непримање туку пред се одложување на имузацијата наместо на 2 годишна возраст таа се примала на 3 или 4 години, затоа што родителите се плашеле за психомоторниот развој на децата. Според епидемиолозите голема е опасноста од враќање на болести кои биле искоренети со децении, ако не се зголеми бројот на имунизирани деца, а исто така би можело да се појават и епидемии.
„Намалениот опфат со имунизација носи опасност од повторно враќање на некои заразни болести кои бвеме на прагот на ги елиминираме во минатото, како што се малите сипаници. За жал во соседството има помали епидемии на мали сипаници и постои опасност тие да се прелеат и кај нас“, додаде Станимировиќ.
Во моментот постојат казнени одредби во Законот заштита на населението од заразни болести, но биле потребни измени.
„Одлуката за вакцинација да не е само на родителите. Спрема заедницата треба да биде одговорност на секого, а не само одгорност спрема самите себе, дали ќе го вакцинираме детето или не“, вели Станимировиќ.
Епидемиолозите велат дека е потребно организирање на поширока кампања за едукација од имунизацијата.