ВИДЕО- Се увезува пченица од Србија, додека домашната никој нема желба да ја купи

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

И додека откупувачите од Македонија одбиваат да ја купат домашната пченица чија жетва е скоро половина завршена на ниво на држава, во моментов дел од нив наголемо увезувале пченица од Србија. Земјоделците обвинуваат дека ваквиот однос од откупувачите и државата е крајно некоректен спрема нив и бараат итно стопирање на увозот се додека не се откупи домашното производство.

Неофицијално откупни фирми вршат откуп од Србија, значи не сме ние заштитени од државата. Денес имаме увоз на пченица, вчера имавме увоз на пченица, се знае и кој е откупувачот, не мора да го кажеме, самата држава, самото Министерство знае на кого му дало дозвола да врши откуп на пченица во овој момент. Втора работа, имаме и увоз на брашно, неофицијално во текот на една година имаме увоз на брашно на 6 милиони килограми, што значи и тука не е заштитена нашата гранка. Значи ако е стратешки производ пченицата, тогаш да се најде стратегија како ние да опстанеме со нашето производство“, изјави Перо Стојкоски, асоцијација на земјоделци и фармери на Македонија.

Земјоделците во овој момент бараат 16 денари за килограм, а мелничарите велат дека не им требала македонската пченица бидејќи имале резерви од лани. Земјоделците сметаат дека сето ова е тактика за да цената на крајот падне на само 10 денари за килограм.

 Што е најбитна работа, ние како производители на пченица оваа година гарантирам дека имаме многу квалитетна пченица, ако до минатата година откупувачите кажуваа дека има квалитетна пченица од Србија или увоз од друга соседна држава, оваа година гарантираме дека нашата пченица е поквалитетна од другата“, додаде Стојкоски.

Незадоволителна била и цената на јачменот и таа се движела до 10 денари за килограм. Земјоделците бараат доколку се случи цената да остане толку ниска парите до производната цена односно до 16 денари за килограм да им ги надополни државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци