Офф-Роад Прилеп со поддршка на Општина Прилеп на 13 октомври со почеток во 10 часот на полигонот за екстремнии спортови кај Лагово организира ХУМАНИТАРЕН „Off Road 4×4 Show“. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на малиот Дејан. Настанот не е од натпреварувачки карактер.
За подобрување на здравствената состојба на Дејан беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција. Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки.
„Се покануваат сите клубови од Македонија а воедно и сите љубители на офф роад да бидат дел од овој настан и сите заедно да докажеме ”We are HUMANE people”“, велат од клубот Off Road Prilep.
Прилеп-Старо Лагово (полигон за екстремни спортови)
13.10.2019
10:00 часот
СО ВАШЕТО ПРИСУСТВО НА “OFF ROAD 4X4 SHOW” ПРИДОНЕСУВАТЕ ЗА ПОДОБРО УТРЕ НА МАЛИОТ ДЕЈАН. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!