ВИДЕО – Стевананџија : „Кире Гаврилоски-Јане“ ќе добие современа спортска сала, а набавивме и голем број нагледни средства и реквизити


Основното општинско училиште „Кире Гаврилоски Јане“ е едно од најстарите училишта во нашата општина, минатата година славевме 60-годишен јубилеј од изградбата на училишната зграда. Меѓутоа, еве како што гледаме, конечно после 60 години ќе ја добиеме и новата модерна, повеќенаменска фискултурна сала, долгоочекувана и долговетувана, истакна директоркат на ова основно училчиште во Прилеп, Кети Стевананџија.

„Убаво е кога се гради нешто ново, а посебно кога се гради за нашите деца, за нашите ученици и на големо задоволство на сите вработени, а посебно на нашите ученици конечно ќе можат да ги реализираат своите часови по физичко и здравствено образование во една нова сала, со голем број на спортски нагледни средства и реквизити, се со една цел за правилен раст и развој на нашите деца. Можам да истакнам и дека изминатиов период целосно е реконструирана училишната зграда, иако е од далечна 1960 година, така да се трудиме сите вработени заедно со локалната самоуправа ова училиште да го направиме подобро место за работа на нашите вработени и на нашите ученици.

Она што исто така сакам да истакнам е тоа дека сите основни училишта од оваа година почнуваат со нови програми во прво и четврто одделение, така и нашето училиште обезбеди голем број на нагледни средства и дедактички училишни материјали, така да сите 6 училници за прво и четвртоодделенците се обезбедени и паметни табли со лцд проектори, како и голем број на нагледни помагала.

Така да нашите наставници со нивните ученици ќе ги реализираат своите активности на часот и ќе учат по пат на експерименти, истражувања, решавање на проблеми, дискусија, односно ќе ја развиваат креативноста кај учениците и критичкото размислување“, рече Стевананџија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира