ВИДЕО – Стерјовска : Функционерите на СДСМ се натпреваруваат кој повеќе ќе узурпира од прилепската чаршија

Стравот веќе помина, хунатата е на колена, народот се буди. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, престедателка на Унија на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренсуваме во целост.

 

„Поминаа 18 месеци од ветувањата на најнеспособниот градоначалник во Македонија Илија Јованоски, дека ќе се реконструира старата прилепска чаршија, нашата гордост. И сами видовте дека само за Прилеп, Министерството за култура не оддели средства бидејќи за нив поважна беше двојазичноста и преименувањето на нашата држава.

 

Но, затоа во овие две години старата прилепска чаршија се претвори во место каде прилепските функционери на СДСМ се натпреваруваат кој поголем објект ќе изгради и кој повеќе место ќе узурпира.

 

Хаос на секој чекор. Се копа бекатонот, се спроведува струја, се градат прво платформи, па над нив тврди објекти… а градоначалникот молчи.

 

Дали и тој е дел од овој бизнис?

 

Дали негови вработени и другари ќарат од овој срам за градот?

 

Да прашаме, дали меѓу објектот на Сугарески и објектот на Туманоски може да поминепротивпожарно возило? Дали помеѓу овие струпови може да помине амбулантно возило?

 

Господине Јованоски, заради оваа алчност на вашите функционери метлата и те како ќе ве помине и во Прилеп на 5-ти мај. Поразот и вашиот крај започна на 21-ви април, а ќе заврши на 5-ти мај“, истакна Стерјовска Локвенец.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира