ВИДЕО- Тутунот годинава со одличен квалитет, тутунопроизводителите очекуваат повисоки цени од лани

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Иако во последниот период се зголемија врнежите на дожд, сепак тие се задоцнети, доколку се набере целиот тутун кој што сега го има на навите, ќе има зголемување од само 5 до 10%. Ова е ставот на Сојузот на тутуна4рски здруженија според кого од предвидените 27 милиони килограми кога се склучуваа договорите со откупувачите, сега ќе има максимум до 22 милиони килограми. Но квалитетот на тутунот е еден од најдобрите досега, што пак кај тутунарите  дава надеж дека и цената ќе бие добра и прифатлива за нив.

За разлика од минатите години оваа година имаме доста квалитетен тутун. Ваков квалитет сме немале во последните 7-8, па можам да кажам и 10 години. Се надевам дека тоа ќе ја подобри состојбата околу сумата за пари што треба да ја добијат кооперантите, но треба да бидат и самите откупувачи свесни дека оваа реколта е далеку поквалитетна и да сметаат дека тутунот ќе го платат повисоко него ланската цена“, рече Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија на Македонија.

И тутунарите велат дека годинава тутунот е со одличен квалитет, и дека последните дождови им ги зголемиле количните. Се надеваат на добра откупна цена.

„Ќе се поправи малку количината, инаку беше сушна годината и понемаше тутун, каде што имаше вода, бунари иои хидросистем вадевеме, а каде што немаше беше сушно. Годинава имаме убав тутун, да видиме како ќе биде со цената и токупот, очекуваме дека треба добро да се плати“, вели Илија Јаковлески, тутунопроизводител.

Инаку годинава тутунарите бараа 510 денари за прва класа, а од откупувачите добија само 420 денари. Дали ќе има зголемување со анекси на договорите ќе се знае до крајот на годината.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира