ВИДЕО – Шокантна статистика, дури 70% од луѓето страдаат од недостаток на Витамин Д

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Шокантна статистика, дури 70% од луѓето на глобално ниво страдаат од недостаток на Витамин Д! Или недостатокот од овој витамин се движи 32% кај здравствените работници, 48% кај децата од 9-11 години и дури 76% кај трудниците, што понатаму имало фатално влијание кај бебињата со автоимуни болести и други компликации. Според истражувањето на Афродита Танеска специјалист за биохемиски анализи од Прилеп ситуацијата била иста и во Македонија, со тоа што поголем недостаток имале жените од мажите. Танеска вели дека веќе 2 децении светот се соочувал со пандемија на недостаток на Д витамин, а најголем причините за ова бил начинот на живот во затворени простории, без излегување на сонце и неземањето на суплементи во зима.

 

Доколку е летно време многу е лесно, со од 15 до 30 минути изложување на сонце го достигнуваме нивото на витамин Д, а доколку сме во зимски период секако треба храна побогата со Д витамин. Тоа е мрсна храна, масна храна, масни риби, млечни производи, мешунки и сепак тоа е толку малку и не го задоволува она ниво на Д витамин, потребно е да се земат суплименти. Никогаш да не се зема на своја рака, секогаш да биде во договор со матичен лекар, специјалист и исто така многу е битно да се внимава доколку се земаат поголеми концентрации на Д витамин да се зема и К2 и магнезиум, затоа што магнезиумот брза за да му помогне на Д витаминот за да се претвори во активна форма и тој се троши“, вели Афродита Танеска, дипломиран медицинско лабораториски аналитичар, специјалист за биохемиски.

Д витаминот стана актулен со корона кризата, кога најголем дел од луѓето конзумираа вакви суплементи. Танеска вели дека сепак 100% научно не било докажано дека д витаминот помага при заболувањата од ковид, но најголем дел од истражувањата воделе кон тоа.

Едно наше истражување од Македонија направено, од наш фармацевт докажало, бидејќи короната ги напаѓа и клетките на белите дробови, при недостаток на Д витамин доаѓа и до недостаток на сурфактант, тоа е една супстанца која ги отвора алвеолите и се прави размена на гасовите. Знаеме какви проблеми имаа луѓето со корона, со дишењето, со кислород и слично. При недостаток на Д витамин, немајќи го овој сурфактант едноставно алвеолите се истишуваат и дуваме како во празен балон. Но сепак уште треба време да се докаже дека вистина постои корелација за дефицит со Д витамин и развојот и прогнозата на ковид болеста“, додаде Танеска.

Танеска издаде и труд за Д витаминот во зима со истражување на лица од 40 до 80 години со кое се потврдува дека со староста и патолошките состојби се згоемува и недостатокот на овој витамин.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци