Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што се случува со кривичните пријави кои ВМРО-ДПМНЕ ги најави за минатото раководство на локалната самоуправа и за преземените обврски на Општина Прилеп кои кон крајот на минатата година изнесувале околу 5 милиони евра градоначалникот Јовчески истакна дека е побарана ревизија од Државниот завод и се поднесени неколку кривични пријави, но без да се прецизира за кого и за кои случаи.
„Направена е ревизија, односно пратено е до државна ревизија. Времето кое го чекавме веќе 1 година е и она кое и го очекувавме, таа не се обрати веднаш. Колку што имам информација тие се во тек на работење на ревизијата во нашата општина, тековно во нивната програма, а дека е доставено барање за ревизија јас можам да ви потврдам дека тоа е направено. Одреден број на кривични пријави се доставени. Ја знаете моменталната насока, повратно, без разлика со каков одговор се дадени. Не очекуваме дека ќе биде позитивно одговорено на нашите барања, но верувајте дека се во тек неколку веќе испратени пријави“, истакна градоначалникот Јовчески.