10-тина лица од медицинскиот персонал во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп се заболени од Ковид 19. Болницата се соочува со недостаток на кадар и поради тоа директорот Драган Богоески најавува редуцирање на лекувањето на пациентите за да можи да се одговори на барањата.
„Како и во останатите делови од нашата држава и во другите здравствени установи и кај нас има појава на зголемување на борјот на заболени здравствени работници од Ковид 19. На хирургија има 3 медицински сестри, потоа една сестра не неуро-психијатрискиот оддел и во интерно одделение се 4-ица од персоналот, немам точна информација дали се сестри или болничари. Воглавно бројката се движи околу 10-тина здравствени работници кои се заболени, немам точна прецизна бројка.
Одделенијата фукционираат спрема моите согледувања, со оглед на влошувањето на состојбата и зголемување на бројот на заболени од корона вирус ќе мора и во одделенијата да се редуцира лекувањето на останатите пациенти заради да можи да одговориме на барањата и да одговориме на недостатокот на здравствен персонал со одредени редукции и измени во сменското работење, но ќе одговориме. Она што можам да кажам е дека веројатно можноста за упатување на наши здрваствени работници во Скопје ќе мора да го редуцираме“, истакна Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.







