Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Први во Македонија уште во 5.30 часот утринава со влегувањето во осветените води на ладното Плетварско езеро група на ентузијасти и верници од Прилеп годинава по 4 пат на ваков некарактеристичен и уникатен начин го дочекаа и одбележа празникот Богојавление или Водици. Првите две години тие правеа крст во мразот на езерото дебел и до 15-тина цм. и потоа влегуваа во водата, а годинава и лани бидејќи времето потопло тие направија дрвен крст, како макета на крстот издлабен во мразот и откако свештеникот го изведе чинот за осветување на водата, секој од верниците еден по еден, влегуваа во водите на езерото. Три години наназад овој настан се одвиваше околу 11 часот претпладне, но годинава поради распоредот на свештениците чинот на осветувањето на водата мораше да се направи толку рано.
Настанот како и претходните години, после осветувањето на водата во раните утрински часови продолжи во 11 часот како што и беше претходно предвидено.
Еве дел од атмосферата за Богојавление на Плетварско езеро.