ВИДЕО- 19 години без Тоше – маратонците пристигнаа од Нова Градишка во Крушево

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Со голема почит и рози Крушево по 19 пат ги пречека маратонците кои во чест на Тоше на 13 октомври тргнаа од Нова Градишка, во Хрватска, од местото каде во сообраќајна несреќа загина балканскиот ангел, а денес тие пристигнаа да се поклонат на неговото вечно почивалиште. Во годинешниот маратон учествуваа 14 мина.

„Пораката е да шириме љубов, да бидеме хумани, да помагаме таму каде пто можеме, затоа што и нашата мисија како маратонци е не кој колку ќе истрча и само да се фали туку да се истрча кој колку може и доколку на некого му е тешко да му се помогне“, рече Наум Капрически, учесник на 19-от ултра маратон за Тоше.

 

„Многу емоција, но кога сме сите заедно сплотени го реализиравме маратонот најдобро што можевме, мојата порака е да бидиме хумани, да си помагаме едни на други, какпо што викаше Тоше да веруваме во Господ Бог“, кажа Мартин Трајаноски, учесник на 19-от ултра маратон за Тоше.

Почит денес на Тоше му оддаваа сите генерации и млади и стари, и од Македонија, но и негови верни фанови од странство.

„И покрај тоа што тој не е тука повеќе засекогаш ќе остане во нашите срца“, вели Јана Цветкоска, ученик во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ – Крушево.

 

„Имаше шанса да постигне уште многу, многу работи, но ете Бог имаше други планови за него, ни го зеде. Сега ние на ваков начин ќе правиме чест, ќе го паметиме додека сме живи“, додаде друг жител на Крушево.

 

„Тоше е игра без граница, човек без граница, љубов без граница, енергија, без граница, нема крај“, рече Стела Прислан Фујс, фан на Тоше од Хрватска.

Спомен домот како и секоја година организираше пригодна програма за овој ден.

„Ние го одбележуваме како датум дека тој замина во бесконечноста, тој за нас е вечен спомен и најголемиот амбасадор кој го имаше Македонија“, истакна Зоран Николоски, директор на Спомен домот „Тодот Проески“.

Спомен домот на Тоше во Крушево и понатаму останува високо над сите, како најпосетен музеј на Балканот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци